Утрински Весник
Македонија

Се санира водоводната мрежа во село Дулица

Се санира водоводната мрежа во село Дулица

Македонска Каменица, 14 јуни 2019 (/) – Екипи на Јавното претпријатие „Камена Река” извршија поправка на дел од водоводната мрежа во село Дулица. Како што известуваат од комуналното претпријатие, станува збор за намерно предизвикана штета.

– Дефектот се случува по петти пат годинава на ист дел од водоводната мрежа. Покрај предизвиканите проблеми и создадените трошоци за санација, најголемата штета ја трпат жителите на село Дулица. Уште во текот на вчерашниот ден, наши екипи излегоа на терен и го отстранија дефектот на водоводната мрежа. Констатиран е намерно предизвикан дефект, од кој штета трпат половина од жителите на село Дулица, информираат од ЈП „Камена Река”.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да престанат со несовесното однесување и ваквите намерни оштетувања.

-Инсистираме, надлежните да ги засилат контролите и да воведат санкции кон сторителите, како мерка за спречување на оштетувањата на водоводната мрежа, зеленилото во градот и поставената урбана опрема, додаваат од „Камена Река“.

ЈП „Камена Река“ деновиве работи на инсталирање на автоматски хлоринатори на сите водоводни системи на територијата на општина Македонска Каменица. Покрај тоа што Македонска Каменица е прва општина во државата што ќе го инсталира овој систем на сите организирани водоводни системи и линии во приградските и руралните населени места,  со овој проект се очекува чиста и квалитетна вода за пиење да добијат и жителите во руралните средини. вс/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра