Утрински Весник
Македонија

Се санираат штетите од невремето во Радовиш

Се санираат штетите од невремето во Радовиш

Радовиш, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Невремето кое вчера околу 18:30 часот го зафати Радовиш и селата Раклиш, Ораовица и Подареш предизвика штети на патната инфраструтура, земјоделските посеви и домови на граѓани.

Од наносите и пороите, кои се акумулираат од течението на атмосферските води, се поплавени пристапни патишта и локални улици, а од силниот ветер се искршени дрвја и гранки во градот.

Денес екипи на јавното претпријатие и стручните служби на локалната самоуправа вршат проценка на настанатите штети и санација на дел од штетите предизвикани од пројните дождови и силниот ветар.

Од општина Радовиш информираат дека е ангажирана комплетната механизација за расчистување на наносите од земја и отстранување на паднатите дрвја и гранки. рт/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра