Утрински Весник
Македонија

Се санираат пристапните патишта во селските средини во Делчево

Се санираат пристапните патишта во селските средини во Делчево

Делчево, 11 јули 2019 (Утрински Весник) – Со прочистување на земјените патишта во атарот на селото Разловци, започна годинешната активност за прочистување и порамнување на земјените коловози и прочистиување на одводните канали покрај локалните патишта во селата. Во моментот како што информираат од Општината, се работи над селото Разловци каде се прочистуваат земјените патишта на место викано Средна.
– Активностите ќе продолжат и на останатите земјени патишта, како патот за село Митрашинци, за брана Лошана и други патишта кои се определени во соработка со месната заедница на село Разловци. По завршување на работите во село Разловци, активноста ќе продолжи во атарот на село Тработивиште, Вирче, Град, Стамер, Петрашевец и Чифлик, Ѕвегор како и селата Габрово, Полето, Црквенец, Киселица, Очипала, Драмче, Илиово, Селник, Бигла и Турија, информираат од Општината.
Спроведувањето на оваа активност, како што додаваат, се реализира по претходни консултации со месните и урбаните заедници.
Ова е втора година како општината предвидува средства и презема активности за прочистување и одржување на земјените патишта. Интервенцијата е обврска на фирмата „СД Транс“, која за целосно реализирање на планот за интервентно одржување на општинските и пристапни патишта за 2019 година, има на располагање средства во висина од 1 милион и 416 илјади денари. вс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

150 казни за брзо возење

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава