Утрински Весник
Македонија

Се решава деценискиот проблем со водоснабдувањето во село Разловци

Се решава деценискиот проблем со водоснабдувањето во село Разловци

Делчево, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Екипи на Јавното претпријатие „Брегалница“ Делчево, деновиве интензивно работат на изградба на нова дренажа со која ќе се обезбеди поголем доток на вода во водоснабдителниот систем во село Разловци. Во рамки на активностите градежна и останата механизација работи на изградба на дренажен систем за зафаќање на водите од река Ракитина во Разловци.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој изврши увид во градежните работи, очекува дека со оваа интервенција ќе се реши хроничниот проблем со недоситигот со вода во селото, што вообичаено кулминира за време на летниот период кога и потрошувачката на вода е поголема.
– Моите заложби се да се решаваат проблемите на граѓаните и приоритетите во населените места, а недостигот на вода во 21 век за мене е прв предизвик. Не само во ова село, туку на ова поле веќе работиме интензивно со швајцарските консултанти на реализација на големиот проект „Водоснабдување на Делчево“ и за неполни три години, Општина Делчево и населените места Габрово и Ѕвегор, ќе добијат современ водоснабдителен систем и чиста вода за пиење, рече Трајковски.
Додава дека со овој проект се прават напори кон овој систем да се приклучи и селото Вирче.
Обезбедување на квалитетна и чиста вода за пиење за жителите на Делчево и населените места е приоритет и за Јавното комунално претпријатие, од каде велат дека претпријатието во текот на летото ќе продолжи со чистење на резервоарите со вода во неколку населени места во градот. вс/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се гасне пожарот кај Смилковското езеро

Невреме најавено за утре – пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град

Албанската опозиција за измените во Кривичниот законик: Злоупотребено е европското знаменце