Утрински Весник
Македонија

Се реконструира улицата „Февруарски поход“ во Општина Аеродром

Се реконструира улицата „Февруарски поход“ во Општина Аеродром

Скопје, 2 јули 2019 (/) – Започна реконструкцијата на коловозот на улицата „Февруарски поход“ во Општина Аеродром. Увид во градежните работи на оваа делница денеска изврши градоначалникот Петре Шилегов.

– Продолжуваме интензивно со реконструкцијата на главните сообраќајници насекаде низ нашиот град. Денеска започна реконструкцијата на оваа фреквентна и оштетена улица „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче. Реконструкцијата на коловозот ќе се изведува во должина од 720 метри, а предвидено е да се заврши, како што стана традиција, за рекордно кратко време, во рок од 20 дена, рече Шилегов.

Тој додаде дека императив на Градот е да се обезбедат безбедни сообраќајници за сите учесници во сообраќајот, без создавање сообраќаен метеж.

– За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 7,49 милиони денари, кажа Шилегов.

Градоначалникот Шилегов, повторно ги замоли граѓаните, за разбирање додека траат градежните активности. Упати и апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје. бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар