Утрински Весник
Македонија

Се пробива полски пат за земјоделците во Виничко

Се пробива полски пат за земјоделците во Виничко

Виница, 24 јуни 2019 (/) – Земјоделците и сопствениците на обработливо земјиште од Виничко ќе добијат нов пристапен полски коловоз во месноста Штипски пат.

Градежна механизација на компанија од Струмица го почна пробивањето и изградбата на земјениот пат во должина од над три километри и широчина од четири метри, кој води од излезот на Виница кон земјоделските површини.

Изградбата и тампонирањето ќе чинат 850 илјади денари што Општина Виница ги обезбеди од Министерството за земјоделство, а во соработка со Центарот за развој на источниот плански регион.

-Пробивањето на земјениот полски пат беше повеќе од неопходно за нашите сограѓани, со оглед што овде има неколку стотини хектари обработлива површина, а изградени се и поголем број фарми за одгледување стока. Средствата ги добивме преку проектот „Подобрување на руралната патна инфраструктура со изградба на пристапни патишта во подрачјата со земјоделска дејност и обработлива површина во источниот плански регион“ и очекуваме за една недела коловозот да биде тампониран и ставен во употреба, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

Паралелно со изградбата на полскиот пат, се копаат и нови канали за наводнување со што ќе се спречи излевање на водата и оштетување на коловозот. та/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“