Утрински Весник
Македонија

Се одржа 28. планинарски марш „Меморијал Марко Илиевски“ до Лешница и Кривошијска река

Се одржа 28. планинарски марш „Меморијал Марко Илиевски“ до Лешница и Кривошијска река

Тетово, 1 јули 2019 (/) – Успешно е реализиран 28-иот меморијален марш „Марко Илиевски“ со тоа што 120 планинари безбедно стигнаа до месноста Лешница и Кривошијска река и се вратија дома, соопшти организаторот планинарскиот клуб „Тетекс“ од Тетово.

-Планинарскиот марш беше спроведен според предвидената програма. Од 7:30 тргнавме од Бозовце по живописната патека долга 12 километри до Лешница на 1450 метри надморска височина, а потоа уште 4 километри до Кадите на Кривошијска река. Благодарност до сите кои денес беа со нас ЗПЗП Козјак Куманово, Картуш Прилеп, ПСК Скопска Црна Гора , П.К. Љуботен Тетово , ПК Јелак и сите со кои денес поминавме супер, изјави Снежана Новаковска, претседателка на ПК Тетекс.

Следни предизвици за планинарите од Тетекс е маршот до Караниколично Езеро во јули и заедничкото организирање на летното искачување до Титов врв во август со планинарскиот клуб Јелак.ас/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална