Утрински Весник
Бизнис

Се изработува физибилити студија за втора и трета фаза од ХС „Лисиче“

Се изработува физибилити студија за втора и трета фаза од ХС „Лисиче“

Велес, јули 2019 (/) – Консултантската компанија „Пропоинт“ од Скопје ја изработува физибилити студијата за втората фаза од ХС „Лисиче“. Проектот ќе значи наводнување на повеќе од 3.700 хектари земјоделски површини долж цевководот во општините Чашка и Велес.

Во третата фаза за која исто така се изработува физибилити стидија, предвидено е во рамки на ХС „Лисиче“ да се изградат и три мали хидроцентрали.

Овој капитален проект  е на Владата и според првините проценки ќе чини околу 28 милиони евра, а ќе се реализира со заем од Германската развојна бана KFW.

Градоначалникот Аце Коцевски, како што информираат од Општината, денеска остварил информативна средба со претставници на KFW, Министерството за земјоделство, консултантската компанија „Пропоинт“ од Скопје и претставници на ЈПВ „Лисиче“- Велес. Целта на средбата била инвеститорите и стручните лица да го информираат Коцевски за можностите за инвестирање во реализацијата на проектот за наводнување и енергетско искористување на ЈПВ „Лисиче“.

Според директорот на ЈПВ „Лисиче“, Дејан Арсовски, колку пари точно ќе бидат потребни за реализацијата на проектот, ќе утврди физибилити студијата која е во фаза на изготвување.

-Втората фаза е од огромно значење за голем број земјоделци на Чашка и Велес, чии ниви се наоѓаат   долж цевководот за водоснабдување. Тие во оваа фаза ќе добијат наводнување, а во третата фаза што исто така е многу важна од енергетска гледна точка за регионот и пошироко, предвидена е изградба на три хидроцентрали, објаснува Арсовски.

Арсовска за / информира и дека по завршувањето на физибилити студијата, проектот треба да се изработи идната 2020  година и да почне со реализација во 2021 година. ад/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЕУ постигна договор за руската нафта

Шпаркасе банка, најдобар избор на банка за твојата плата

Битиќи ги презентира инвестициските можности на земјата пред група бизнисмени од Турција