Утрински Весник
Македонија

Се зголемува бројот на земјоделци од Пијанец кои вложуваат во системот „капка по капка“

Се зголемува бројот на земјоделци од Пијанец кои вложуваат во системот „капка по капка“

Делчево, 15 јуни 2019 (/) – Се поголем број земјоделци од Пијанечкиот регион се заинтересирани за инвестирање во системите за наводнување „капка по капка“. Ова го потврдуваат делчевските трговци и агрономите, кои велат дека растот на побарувачката за овие системи се должи на низата предности кои ги нуди ваквиот начин на наводнување.

– Продажбата е во подем, најмногу заради фактот што наводнувањето „капка по капка“ има многу предности во однос на другите начини на наводнување. Со овие системи водата оди таму каде е потребна, што е една од најголемите предности на овој вид на наводнување. Исто така со вложување во овој систем на наводнување, неколкукратно се зголемува производството, што е уште еден показател зошто земјоделците се одлучуваат за вакво инвестирање во производството, вели Јовановски.

Заштедата на вода, додаде, исто така е од огромно значење за земјоделците кои употребуваат вакви системи за наводнување.

-Тоа е така, бидејки ефикасно се искористува водата со тоа што се наводнува само зоната на коренот и не се заливаат делови на кои нема растенија, рече Јовановски.

Од почетокот на годинава, како што информираа трговците, побарувачката за системите „капка по капка” во Пијанечкиот регион е зголемена за 70 проценти во однос на претходните години. вс/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер