Утрински Весник
Македонија

Се градат улиците во новата штипска населба Сончев град

Се градат улиците во новата штипска населба Сончев град

Штип, 12 јуни 2019 (/) – Стартуваше изградбата на новите улици во населбата Сончев град во Штип, каде што се продадени 30 плацови за изградба на индивидуални куќи. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна дека станува збор за улици со квадратура од 5.000 метри квадратни, каде што веќе се завршуваат земјените работи, по што ќе следи и асфалтирање на главната, но и на краците од улиците во оваа нова населба во Штип.

-Во моментов имаме истанпонирани улици и многу скоро ќе влеземе во финалната фаза, односно асфалтирање на улици. Целата инвестиција чини 9.500.000 денари, а заедно со инвестицијата во водоводи и канализација изнесува околу 12 милиони денари. Повторувам дека овде не се работи за никаква рехабилитација, туку станува збор за целосна изградба на инфраструктура, вели Бочварски.

Тој забележа дека со изградбата на инфарструктурата оваа населба ќе биде квалитетна за живот на граѓаните, кои овде купиле плацови за изградба на индивидуални куќи. Штипскиот градоначалник е категоричен дека нови плацови во оваа населба нема да се продаваат, бидејќи ќе се уништи шумата која пред неколку децении е засадена на тој дел од градот. вдј/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца мажи измамиле и одзеле пари од жител од гостиварско

Маж од Богданци со закана бил принуден да потпише фактури со големи суми

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк