Утрински Весник
Спорт

Сент Луис – седмиот тим во историјата со освоен Стенли куп по смена на тренерот во текот на сезоната

Сент Луис го освои Стенли купот

Бостон, 13 јуни 2019 (/) – Во седмиот натпревар од финалната серија од плејофот, Сент Луис го победи Бостон со 4:1 и го освои Стенли куот. „Музичарите“ станаа седми тим во историјата на НХЛ кои стигнале до трофејот по менувањето на тренерот во текот на сезоната.

Крег Беруби минатиот ноември го замени Марк Јео.

Претходно, шест тренери успеаја да го направат ова: Дик Ирвинг  со Торонто во 1932 година,  Али Мекнил (Монтреал, 1971), Лари Робинсон (Њу Џерси, 2000), Дан Билејм (Питсбург, 2009), Дарил Сотер (Лос Анџелес, 2012) и Мајк Саливан (Питсбург, 2016). зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања