Нион, 19 јуни 2019 (/) – Шкотскиот фудбалски великан Селтик ќе биде ривал на Шкендија доколку македонскиот шампион го елиминира тимот на Номе Калју во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
Селтик во првото коло ќе се сретне со Сараево против кого е апсолутен фаворит.
Во случај тетовци да не го поминат естонскиот шампион, тогаш ќе продолжат во квалификациите за Лига Европа. зс/