Утрински Весник
Македонија

Селото Марена доби градинка, „Петар Пан“ ќе згрижува 25 деца

Селото Марена доби градинка, „Петар Пан“ ќе згрижува 25 деца

Кавадарци, 19 јуни 2019 (/) – Селото Марена доби своја градинка. Објектот „Петар Пан“ ќе згрижува 25 деца. Со тоа ќе биде надминат долгогодишен проблем со кој се соочуваа младите родители, кои мораа да патуваат до Кавадарци за таму да ги згрижат своите деца додека се на работа.

– Сигурна сум дека и руралните средини заслужуваат да имаат еднаков пристап до услуги како и урбаните средини. И токму тоа е интенцијата на оваа Влада, но исто така и на вашиот градоначалник. Затоа што само со обезбедување пристап и еднакви услови за сите граѓани во државата, може да постигнеме поквалитетен живот и еднаквост пред институциите за сите граѓани. Вложуваме многу во детската заштита како Влада и отвораме постојано градинки. За само две години отворивме 23 објекти. Минатата година бевме во Кавадарци, оваа година инвестиравме во оваа градинка во опрема, општината инвестираше во изградба, ние инвестиравме шестотини илјади денари, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

До крај на јули, како што нагласи, треба да има уште два објекта во Кавадарци. Министерството инвестира два милиони и шестотини илјади денари.

– Дополнително најавуваме трета градинка што ќе биде нов објект инвестиран од Светска банка и со тоа сум сигурна дека ќе ги надминете проблемите со детска заштита во оваа општина. Но, исто така воспитувачите и негувателите се основа на детската заштита, без нив не може да кажеме дека градинките нудат квалитетни услови. Токму затоа, обезбедивме доволен број вработувања во сите градинки во државата и во Кавадарци. За година и пол имаме илјада и четиристотини вработувања. Дополнително ги зголемивме и во 2017 и во 2018 платите за пет отсто. Во јули, платите исплатена за месец јуни, ќе бидат зголемени за 16 проценти, а од септември уште пет. Што значи во 2019 година воспитувачите, негувателите, директорите, имаат зголемување за 21 процент, рече минитерката.

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев посочи дека досега реализирале повеќе проекти за претшколска возраст.

– Градинката „Рада Поцева“ значително ги подобри условите за работа и значително се зголеми капацитетот за сместување на деца во градинките.  Секоја просторија доби прочистувачи на воздух, се со цел времето поминато на нашите деца во градинките да биде поквалитетно и здравјето на нашите деца да биде на прво место. Отворивме нова градинка „Буба Мара“ во која се примени околу 75 деца. Во тек е доградба на простории во две градинки со кои ќе добиеме зголемен капацитет за уште 150 дечиња, информираше градоначалникот.

Со оваа адаптација во селото Марена, нагласи тој,  добиен е дополнителен капацитет за уште 25 дечиња. Упати благодарност до Министерството за труд и социјална политика и министерката Мила Царовска за големата поддршка што ја добиваат како општина.

Во градинката ќе престојуваат 25 деца од две до шест години. Ќе работат една воспитувачка, две негувателки и едно техничко лице. свд/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална