Утрински Весник
Спорт

Селекторот на Катар: Дојдовме да играме фудбал, не да се сликаме со Меси

Аргентина се спаси од пораз на дуелот со Парагвај

Порто Алегре, 23 јуни 2019 (/) – Селекторот на Катар, Феликс Санчез истакна дека неговиот тим покажува боречки дух пред натпреварот со Аргентина во 3. коло од групната фаза во Купот на Америкa.

Тој истакна дека нема да имаат посебен респект кон Лионел Меси.

– Ние не сме добро познати во Јужна Америка, но имаме одлични професионалци во составот. Дојдовме да играме фудбал, а не да бидеме фотографирани со Меси. Аргентина ќе биде фаворизирана, и треба победа. Ние ќе се обидеме да наметнеме борба. Имаме шанси, а тоа е охрабрувачко, изјави Санчез.

Натпреварот Катар – Аргентина почнува вечер во 21 часот. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цитатите на Фергусон и Мурињо влегоа во речникот на Оксфорд

Тен Хаг му се заблагодари на Пеп за „лекцијата“

Куп: Струга ТЛ го елиминира Работнички, убедливи беа Шкендија, Вардар, Шкупи и Академија Пандев