Утрински Весник
Спорт

Седум македонски традиционалните каратисти на Европски шампионат во Романија

Седум македонски традиционалните каратисти на Европски шампионат во Романија

Скопје, 13 јуни 2019 (/) – Македонската репрезентација во традиционално карате од денес до 16 јуни ќе учествува на официјалниот 34. ЕТКФ Европски Шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети во Питести, Романија.

Нашата репрезентација ја предводи најдобар каратист Дејан Недев кој ќе настапи во сениорска конкуренција заедно со Матеј Ангеловски и Јадранка Недева.

Во младинска, јуниорска и кадетска конкуренција ќе настапат Петар Костов, Мила Саздова и Антонија Белазелкоска, а пак во категоријата ветерани ќе настапи Ристо Сакалиев од КК Кавадарци.

Со екипата патува и селекторот на репрезентацијата во традиционално карате, Венцислав Недев. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Швајцарија ги искористи сите „дупки“ во одбраната на Србија за осминафинале, Камерун прв го победи Бразил!

Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин!

Роналдо откако се откажал од 16 милиони фунти од Јунајтед пратил порака: Слободен како птица