Утрински Весник
Македонија

Седумгодишник тешко повреден во сообраќајна несреќа на автопатот Неготино-Демир Капија 

Струмичанка осомничена дека се обидела да го отруе сопругот

Неготино, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Седумгодишник бил тешко повреден откако австриско возило управувано од германски државјани, излетало од автопатот Неготино-Демир Капија, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Денеска околу 5:00 часот на автопатот Неготино – Демир Капија, на два километри пред бензинска пумпа „ДЕТ ОИЛ“, патничко возило „Тојота РАВ 4“ со австриски национални ознаки, управувано од M.В.(34) од СР Германија, излетало од патотПритоа, со тешки телесни повреди се здобило седумгодишното дете, сопатник во возилото, кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, појаснува Додевски. 
Извршен е увид на местото на настанот. свд/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер