Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Фискалните сметки во рака за поврат на 15 пеоценти од ДДВ, од денеска стартува мерката, парите назад кај граѓаните

СДСМ: Фискалните сметки во рака за поврат на 15 пеоценти од ДДВ, од денеска стартува мерката, парите назад кај граѓаните

Скопје, 1 јули 2019

Една од клучните мерки на Владата предводена од СДСМ со која се враќаат парите кај граѓаните, започнува со реализација .

Фискалните сметки во рака, за поврат на 15% од ДДВ.

Преку проектот „Мој ДДВ“ вкупно околу 50 милиони евра завршуваат  кај граѓаните на крајот на годината.

Повратот на ДДВ од 15 отсто значи доход плус во семејниот буџет.

Едноставноста на постапката при користење на  оваа мерка ја прави широко достапна. При тоа, секоја фискална сметка преку купување или користење на услуга граѓаните ја скенираат преку мобилниот телефон и ја испраќаат  преку соодветна апликација направена за таа намена.

По низата мерки преку кои граѓаните веќе ги чувствуваат придобивките, Владата предводена од СДСМ продолжува со заложбите за  поголем економски раст, повеќе пари во семејниот буџет на граѓаните и повисок животен стандард.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца мажи измамиле и одзеле пари од жител од гостиварско

Маж од Богданци со закана бил принуден да потпише фактури со големи суми

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк