Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нова мерка за граѓаните, до 180 илјади денари неповратни средства за жени претприемачи од рурални средини

СДСМ: Мицкоски е на различна страна од интересот на граѓаните и државата

Скопје, 23 јуни 2019

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и унапредување и развој на земјоделството.

Обезбедени се средства за финансиска поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство.

Со оваа мерка, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе доделува до 180 илјади денари еднократна и наповратна финансиска  поддршка за инвестиции кои ќе приоденесат за развој на руралните средини на женски член на земјоделско стопанство запишано во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Преку реализација на оваа мерка ќе се поттикнат инвестициите во руралните делови, ќе се придонесе кон родова еднаквост и ќе се обезбедат повеќе пари во земјоделските семејства.

Зборот важи! Остануваме посветени на спроведување на мерките што се во интерес на граѓаните, што го поттикнуваат економскиот раст. инвестициите и носат повеќе пари во секое семејство.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

____________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра