Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од промените, СДСМ се менува во интерес на граѓаните

СДСМ: Мицкоски е на различна страна од интересот на граѓаните и државата

Скопје, 17 јуни 2019 

СДСМ се менува во интерес на граѓаните а ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во матрицата на Никола Груевски, на деструкција и блокади.

После сите порази и неуспеси, Мицкоски најмногу се плаши од промени.

Мицкоски би останал слеп послушник на Груевски по секоја цена, тој не би менувал ништо, нема свое јас, нема капацитет, едноставно слуша што ќе му каже неговиот шеф и тоа за него е доволно и најважно.

На една страна се промените во СДСМ во интерес на граѓаните и напредокот а на друга страна е Мицкоски, деструкциите, блокадите и враќањето назад.

Затоа СДСМ ја движи земјата напред, предводник на напредокот, интеграциите, развојот.

Затоа, само за 2 години со СДСМ и Зоран Заев од заробена држава станавме светол, блескав пример.

Затоа за само 2 години на дофат е остварувањето на врвните стратешки и национални интереси, членство во НАТО и ЕУ.

Затоа економијата расте со рекордни стапки, се намалува невработеноста, растат платите и инвестициите, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Тоа носат промените, напредок!

Со Груевски и неговиот послушник Мицкоски на чело, ВМРО-ДПМНЕ може да се очекува само нови порази.

Северна Македонија продолжува напред!

Центар за комуникации со јавноста
Социјалдемократски сојуз на Македонија

____________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“