Утрински Весник
Македонија

СДСМ: МЗШВ и Владата носат решенија во интерес на овоштарите и производителите на јаболка

СДСМ: Мицкоски е на различна страна од интересот на граѓаните и државата

Скопје, 8 јули 2019
Лицемерно и неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ партијата која го урниса земјоделството денес како опозиција да глуми наводна загриженост за земјоделците.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој навремено и неселективно ја исплати основната субвенција по површина за одржување на овошни насади, тогаш кога им беше најпотребна на овоштарите, односно пред почетокот на новата производствена сеозна.
За оваа поддршка се исплатија вкупно 96 милиони денари на 2.156 овоштари.
Во однос на дополнителната субвенција од 3 денари за предадено индустриско јаболко, барањата за истата се во завршна фаза на обработка, се работи за обемна документација на што посветено секојдневно работи Платежната агенција, и истата во најкус рок ќе биде исплатена.
Во изминатиот период Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ги исполни сите барања на овоштарите.
Навреме се исплати основната субвенција по хектар и се продолжи рокот за поднесувањето на барањата за интервентната мерка за јаболката од  25 декември 2018 година на 25 јуни 2019 година.
Надлежното Министерство и Владата предводена од СДСМ постојано носат решенија кои се во интерес на овоштарите и производителите на јаболка.
Во првата годишна програма за 2018 година, субвенциите по хектар за развојната категорија на овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари се зголемија за 20 отсто односно од 33.000 на 39.600 денари по хектар.
Истата година за дополнителни субвенции за килограм предадено јаболко во преработувачки капацитети беше зголемена од 2 на 3 денари по килограм.
Оваа година во новата Програма субвенциите за одржување на насади се зголемени и тоа од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршка расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар.
Дополнителни 15% добиваат повисоки субвенции добиваат овоштарите кои имаат насади во подрачја со огранични можности над 700 метри надморска височина, и таа субвенција за развојните категории достигнува 57.500 денари по хектар.
Ова се само дел од мерките кои ги решаваат проблемите на овоштарите и ги унапредуваат условите за работа на производителите на јаболка.
Наместо лажна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ нека гледа и учи што значи вистинска грижа за земјоделците.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ

__________________________________________________________

Утрински Весник овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните