Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, функционирањето на правната држава е најголем проблем за Мицкоски

СДСМ: Започна исплатата на зголемената социјална помош, над 25.000 семејства добија гарантиран минимален приход

Скопје, 29 јуни 2019

Христијан Мицкоски, седнат во белиот дворец, симболот на криминалот и корупцијата, уште еднаш потврди кој е неговиот најголем проблем: функционирањето на правната држава и СЈО.

Само тоа го мачи Христијан Мицкоски, несигурен е, не може да го одбрани криминалот на режмот, криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници.

Несоодвета е било каква споредба на владеењето на криминалната ВМРО-ДПМНЕ и режимот кој ја опустоши државата во изминатите 11 години со позитивните промени во сите сфери во последните 2 години.  

СДСМ и Зоран Заев за неполни две години ја кренаа земјата, економијата расте, од заробена држава станавме светол пример во регионот.

ВМРО-ДПМНЕ созададе режим, ја оддалечи земјава од НАТО и ЕУ. СДСМ за две години обезбеди членство во НАТО, најпозитивен извештај од ЕК и чиста препорака.

Како на меѓународен план така и на внатрешен, за 2 години е напревено повеќе отколку во изминатите 11 години.

Економијата на пример од назадување и -1.8% во времето на ВМРО-ДПМНЕ, за 2 години има раст од 4.1%. Платите се зголемија за 2 илјади денари а пензиите за над 800 денари. Рекордните износи на странски и инвестиции се забележани и во меѓународните извештаи.

Напредокот е одлика на СДСМ, изолацијата и уназадувањето, криминалот и корупцијата е одлика на ВМРО-ДПМНЕ.

За да го забрза тој напредок СДСМ продолжи да се менува. Само во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е истата партија во која се уште шеф е Никола Груевски.

Затоа Мицкоски се плаши од промените, го чека нов пораз и покрај силењето за некакви предвремени избори кое е само за внатрешна употреба, загрижен за својата партиска позиција.

Мицкоски исто вака се силеше и пред пред минатите избори, па ги загуби. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски загубија на претседателските избори а загубија и на предвремните локални избори во Охрид и Ново Село.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се спремат за нов пораз на следните избори.

Северна Македонија продолжува напред, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат назад.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

_________________________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните