Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ спои криминал, земање провизи и неспособност, затоа резултатот им е само 7 километри автопат за 11 години и бандери среде пат

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ спои криминал, земање провизи и неспособност, затоа резултатот им е само 7 километри автопат за 11 години и бандери среде пат

Скопје, 7 јули 2019

ВМРО-ДПМНЕ поврза криминал и земање провизии со неспособност, а резултат на тоа за време од 11 години се само 7 километри автопат а оставен огромен хаос, нерешени и натрупани проблеми и бандери на сред пат.

Не се тоа „проекти“ како што зборува ВМРО-ДПМНЕ туку утки.

Сликата со бандерите на среде пат говори за неспособноста и односот на ВМРО-ДПМНЕ кон потребите на граѓаните.

Затоа само на автопатот Миладиновци-Штип имаше нерешени имотно правни проблеми, свлечишта, непредвидени надвозници, одводни цевки, непремостени инсталации, заштитни огради итн.

За само 2 години сите натрупатни проблеми ги реши Владата предводена од СДСМ и авопатот Миладинови – Штип е пуштен за употреба.

Решени се сите проблеми и на Автопатот Кичево-Охрид.

СДСМ ги решава проблемите што ги остави ВМРО-ДПМНЕ и интенизвно гради по план!

Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во должина од повеќе од 700 километри.

За 2 години СДСМ направи повеќе во инфраструктурата од 11 години за време на ВМРО-ДПМНЕ.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

____________________________________________________________

Утрински Весник овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Средба на ОБСЕ Тројката Османи -​ Рау – Билстром, во пресрет на Министерскиот состанок во Лоѓ

Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“

Работна средба на министерот Спасовски со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал