Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека пописот е статистичка, а не полиитчка операција

СДСМ: Мицкоски е на различна страна од интересот на граѓаните и државата

Скопје, 15 јуни 2019 

Само ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција и затоа шири лажни.

Пописот е неопходна статистичка операција за да може да се реализира плански развој на целото општество и тоа им е јасно на сите освен на ВМРО-ДПМНЕ, која нема никаков кредибилитет да зборува за попис.

Цели 11 години додека беше власт ВМРО-ДПМНЕ не успеа да организира попис, а дури и оној што го започна, поради политички калкулации го прекина а потроши над 3 милиони евра народни пари.

Денес како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ лаже дека не била консултирана и дека не и бил оставен простор за забелешки во однос на законите.

За разлика од пропаднатиот попис во 2011, сега целокупната подготовка за организирање на пописот е професионална и транспарента, по сите меѓународни стандарди и во неа цело време е вклучен Евростат.

Пописот беше најавен уште минатата година, а 2020 година е годината кога би требало да се реализира согласно меѓународните препораки.

За надминување на било какви пречки и негово успешно реализирање до крајот на месецов се спроведува и пробен попис во 13 општини.

Очајните закани, лажни вести на Христијан Мицкоски за наводни редефинирања преку пописот, покажуваат дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува. Опозициската партија останува носител на деструкцијата, носител на лажните вести и манипулациите.

Центар за комуникации со јавноста
Социјалдемократски сојуз на Македонија

_________________________________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар