Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се извинат за лажните вести

СДСМ: Мицкоски е на различна страна од интересот на граѓаните и државата

Скопје, 2 јули 2019

Кога лажеше Василевска, вчера или денеска? ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се извинат за лажните вести

Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ покрај тоа што е асоцијација за криминал, наместени тендери и огромни провизии  е симбол за ширење на лаги и невистини на штета на граѓаните.

Последната лага од кујната за лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ е сценариото за јавната набавка за М-Нав која денеска беше целосно разобличена.

Дури и Иванка Василевска самата се заплетка во сопствените лаги. Вчера пред Јавното обвинителство на јавна прес конференција Василевска соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ поднесува материјали, а не кривична пријава до Јавното обвинителство. Денеска, по само 24 часа таа прашува од каде некој знаел што поднело ВМРО-ДПМНЕ до ЈО.

Кога лажеше Василевска? Вчера кога соопшти дека поднесува материјали, или денеска?

Фатени во лага, Мицкоски, Василевска и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за сите невистини што ги пласираат со денови.

Откако се потврди дека јавната набавка за М-Нав е реализирана за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,  Иванка Василевска треба да постави неколку прашања на адреса на ВМРО-ДПМНЕ.

Како ВМРО-ДПМНЕ влијаела на јавната набавка на М-Нав?

Како таткото на Никола Попоски тогашен министер за надворешни работи, Живко Попоски, станал претседател на Управен одбор на М-Нав кој воедно е и потписник на јавната набавка.

Мицкоски наместо да се крие зад прес-конференции на кои се шират лаги и невистини, да им се извини на граѓаните и да даде одговор како ВМРО-ДПМНЕ влијаело на јавната набавка.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________________________

Утрински Весник овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот

Арсовска им порача на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека се лицемерни и да престанат да саботираат