Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против ветинг и професионализација на полицијата и затоа лаже за наводни 3.500 тужби против МВР  

СДСМ: Ништо не се менува кај ВМРО-ДПМНЕ, дури ниту наративот, Мицкоски нема свое јас

Скопје, 1 јули 2019 

Нов ден, нова лага од кујните на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Лажните вести остануваат единствениот начин на делување на опозициската партија.

Официјалните податоци од Министерството ги демантираат лажните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ дека бројот на тужби на вработени кон МВР по разни основи изнесува 3500, туку е далеку помал и изнесува 1387 тужби.

ВМРО-ДПМНЕ направи вистински хаос во МВР, тие се навикнати на злоупотреби на институциите и за нив тоа е единствен начин на функционирање. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против најавениот ветинг во полицијата.

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за професионални институции и правна држава, тие се симбол на режим и злоупотреби на институциите.

 Откако СДСМ ја предводи Владата, за само 2 години почна да се враќа угледот и довербата во МВР, полицијата е професионализирана и работи во служба на законите и во интерес на граѓаните.

Министерството за внатрешни работи наследи официјална статистика според која граѓаните имаа само 23 отсто доверба во полицијата, а денес по спроведените реформи  довербата драстично се е зголемена и изнесува 75 отсто.

ВМРО-ДПМНЕ е заробена во сопствените црнила и криминалната матрица на Груевски и не може да се помири дека МВР функционира професионално, нуди безбедност и сигурност за граѓаните.

Центар за комуникации со јавност, СДСМ

_________________________________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

150 казни за брзо возење

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава