Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е главен виновник за состојбите во Охридскиот регион

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ освен што шири лажни вести, се дрзнува јавно да му наредува на обвинителството

Скопје, 5 јули 2019

ВМРО-ДПМНЕ е директен виновник за состојбата во Охридскиот регион.

Цели 11 години приоритетно се остваруваа бизнис и личните интереси на раководството на ВМРО-ДПМНЕ поради што Охридскиот регион беше злоупотребуван и уништуван.

Јавноста и граѓаните многу добро се сеќаваат на неконтролираното градење на Плаошник и Галичица, на осудениот криминалец Субрата Рој кој Груевски го презентираше како инвеститор, на „парапетчето“ и на сите други криминали.

Од една страна ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше Охридскиот регион поради криминали и провизии, од друга страна Владата предводена од СДСМ ги санира штетите.

Денес, Владата предводена од СДСМ, Општина Охрид, стручната јавност и невладиниот сектор интензивно работат на исполнување на препораките на УНЕСКО.

Ќе направиме се, препораките да се имплементираат, Охридското езеро да не биде загрозено.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

___________________________________________________________

Утрински Весник овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом