Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да одговори за криминалните игри на Димитар и на Димовски во случајот „Топлик“ 

СДСМ: Мицкоски е на различна страна од интересот на граѓаните и државата

Скопје, 27 јуни 2019

Очигледно дека во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ веќе нема чесни и одговорни личности, па прес конференции продолжува да држи Димитар Димовски, обвинет во предмет од Специјалното јавно обвинителство и десна рака на Миле Јанакиески против кого се водат бројни судски предмети.

Наместо лицемерно да зборува за почитување на законите, Димитар Димовски треба да одговори за криминалните игри во случајот „Топлик“ на СЈО во кој е обвинет заедно со Јанакиески.

Јавноста знае дека Димовски кој денес лицемерно зборува за чесност, има удел во компанијата „Енерготек ДОО Скопје“ заедно со Христијан Хидро Мицкоски.

Токму фирмата во која тој и Мицкоски имаат заеднички удел, го добива бизнисот со хидроцентали од владата на Никола Груевски. Во тоа време,Димовски е висок фунцкионер во Министерството за транспорт и врски, а Мицкоски е советник на Груевски.

Ништо не е сменето во белиот дворец. Мицкоски, Димовски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат симбол за непотизам, криминал и неспособност.

СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните, преку промените кои имаат за цел  да продолжат политиките што обезбедуваат економски раст и развој и подобар живот за сите.

Центар за комуникации со јавноста – СДСМ

___________________________________________________________
/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“