Утрински Весник
Македонија

СДСМ:Портпаролот на ВМРО –ДПМНЕ утнал, требаше да побара оставка од пратеникот Милошоски

СДСМ: Ништо не се менува кај ВМРО-ДПМНЕ, дури ниту наративот, Мицкоски нема свое јас

 Скопје, 20 јуни 2019

 

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ја утнал адресата.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ требаше јавно да побара оставка од нивниот пратеник Антонијо Милошоски – најнеспособниот министер за надворешни работи што некогаш земјава го имала.

Милошоски не е достоен за пратеничката функција поради тоа што намерно и свесно ја излажа јавноста и ширеше лажни вести.

ВМРО ДПМНЕ 11 години ја држеше земјава во изолација, создаде заробена држава и режим, далеку од ЕУ и НАТО. Тоа е „резултатот“ во политиката и дипломатијата на ВМРО-ДПМНЕ.

За само две години Владата предводена од СДСМ успеа од заробена држава да создаде светол, блескав пример во регионот. Земјава е на чекор од стварување на двата клучни стратешки приоритети, членство во НАТО и ЕУ.

ВМРО ДПМНЕ не можеше да најде полош тајминг за лоша и невистинината прес конференција. Денеска, на денот кога уште една земја членка, Канада, го ратификуваше протоколот на НАТО и сме се поблиску до полноправно членството во Алијансата.

Секоја нормална полтичка партија која и мисли добро на својата татковина и на граѓаните би се израдувала за напредокот на земјата и остварувањето на еден од врвните стратешки и национални интереси – членството во НАТО.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

___________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална