Утрински Весник
Македонија

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ освен што шири лажни вести, се дрзнува јавно да му наредува на обвинителството

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ освен што шири лажни вести, се дрзнува јавно да му наредува на обвинителството

Скопје, 5 јули 2019

Иако лагите на ВМРО-ДПМНЕ за јавната набавка во М-Нав се целосно демантирани и разобличени, од белиот дворец не престануваат да шират лажни вести на оваа тема.

ВМРО-ДПМНЕ освен што шири лажни вести, се дрзнува јавно да му наредува на обвинителството како и со какви мерки да постапува. Времето кога ВМРО-ДПМНЕ нарачуваше притвори и пресуди заврши со нивното заминување во опозиција.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Белиот дворец останува симбол на криминалот, лагите и деструкцијата, Христијан Мицкоски останува главен извор на лажни информации и невистини.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

Утрински Весник овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ,,Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни

Петровска во Грац – форматот: градењето отпорност е најдобрата одбрана против растечките безбедносни предизвици

18-годишник ја нападнал мајка му пред трговски центар во Аеродром