Утрински Весник
Македонија

СВР Куманово поднесе кривична пријава за „криумчарење мигранти“ против жител на Љуботен

СВР Куманово поднесе кривична пријава за „криумчарење мигранти“ против жител на Љуботен

Куманово,  17 јуни 2019 (/) Регионалниот центар за гранични работи Север, преку СВР Куманово, поднесе кривична пријава против 26-годишниот А.А. од село Љуботен, Sкопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Полициските службеници на 14-ти јуни годинава во 22 часот на улицата „Индустриска“ во Куманово извршиле контрола на товарно возило „Фиат Дукато“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот и пронашле 33 лица-мигранти, меѓу кои шест биле малолетници. 
А.А. бил лишен од слобода и судија на претходна постапка му одредил триесетдневен притвор.ам/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8