Велес 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Во војничкиот клуб на касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес денеска свечена заклетва дадоа 45 војници од 38-та генерација на доброволно служење во Армијата, меѓу кои и шест девојки.
Пред нивните родители, роднини и пријатели бројни гости, претставници на ГШ на Армијата и на Министерството за одбрана се обрати, а на младите војници им ја честита свечено дадената заклетва, потполковник Мухамед Ибраими командант на ЦИО, Центарот за индивидуална обука кој е во рамки на КОД Командата за обука и доктрини со седиште во велешкиот гарнизон.
Тој потсети дека и оваа 38 генерација млади војници во наредните три месеци на доброволно служење во Армијата, од нивните искусни старешини ќе стекнат знаења и вештини од основната воена обука.
Воедно ги информира дека сите кои успешно ќе ја завршат обуката имаат убава можност понатаму да се најдат во редовна Армијата како професионални војници и понатаму да напредуваат во кариерата. ад/цр/