Утрински Весник
Спорт

Сари сака да ги види Икарди и Маркињос во Јувентус

Сари сака да ги види Икарди и Маркињос во Јувентус

Торино, 18 јуни 2019 (/) – Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, изрази желба во летниот трансфер прозорец клубот да се засили со Мауро Икарди од Интер и Маркињос од ПСЖ.

Поголема е веројатноста Икарди да дојде во Јувентус поради одлуката на Интер да го стави играчот на трансфер листата.

За ангажирање на Маркињос пречка е неговата висока плата. Тој во Париз заработува 10,2 милиони евра годишно.

Во сезоната 2018/19, Мауро Икарди одигра 37 натпревари за Интер, постигна 17 гола и забележа пет асистенции.

Маркињос настапи на 44 натпревари за ПСЖ, постигна четири гола и направи две асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Швајцарија ги искористи сите „дупки“ во одбраната на Србија за осминафинале, Камерун прв го победи Бразил!

Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин!

Роналдо откако се откажал од 16 милиони фунти од Јунајтед пратил порака: Слободен како птица