Утрински Весник
Македонија

Сара Мисајловска ќе ја претставува државата на светскиот натпревар во АЦА во Њујорк

Сара Мисајловска ќе ја претставува државата на светскиот натпревар во АЦА во Њујорк

Скопје, 17 јуни 2019 (/) – Сара Мисајловска од Скопје ќе ја претставува државата на денешното финале на натпреварот Adobe Certified Associate (ACA), што се одржа вторпат оваа година, а на кој се натпреваруваа средношколци од град Скопје, информираат од „Why Not“.

Победникот ќе ја застапува државата во Њујорк, САД на светскиот ACA шампионат и ќе се бори за титулата најдобар ACA во светот.

Од „Why Not“ соопштуваат дека светскиот ACA шампионат во организација на „Certiport Inc“, е глобално натпреварување кое ги тестира вештините за дизајнирање на учесниците преку Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign. Најдобрите натпреварувачи ќе ги претстават своите земји на светското првенство, каде што ќе создадат дизајниран проект за избраниот непрофитен клиент на Certiport.

– АСА натпреварот вторпат годинава се одржа во Македонија, засега само на територија на Град Скопје, но следната година планираме да се прошири и на републичко ниво. Како што е случај со Microsoft Office Specialist натпреварот кој се одржува кај нас веќе четири години, очекуваме и Adobe Certified Associate натпреварот да прерасне во традиција. Преку АСА проектот, сите заинтересирани млади кои сакаат понатаму да ја развијат својата кариера во креативната индустрија, имаат одлична можност преку овој натпревар да се докажат и да го истакнат својот потенцијал, во рамки на државата и на глобално ниво, како и да се стекнат со меѓународно признат сертификат. Честитки до победникот, му посакуваме голем успех на светскиот шампионат и да се врати во Македонија со титула, изјави Марко Серафимовски, директор на „Certiаdria“. мс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална

Герасимовски: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата