Утрински Весник
Македонија

Санкционирани 252 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

Санкционирани 252 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

Скопје, 15 јули 2019 (Утрински Весник) –  Вкупно 252 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот биле санкционирани во текот на минатата недела од ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје.

Како што информира Општината, во периодот од 8 до 15 јули со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 130 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 122 возила што биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во кој биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општината. вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните