Утрински Весник
Бизнис

Само 20-тина компании го имаат имплементирано стандардот за безбедност на храната

Само 20-тина компании го имаат имплементирано стандардот за безбедност на храната

Скопје, 1 јули 2019 (/) – Стандардот ISO 22000  за управување со безбедноста на храната е важен за компаниите, особено за извозно ориентираните кои сакаат да бидат конкурентни на пазарот, но и да имаат доверба кај потрошувачите, порачаа денеска компании кои веќе го имаат имплементирано овој стандард.

На прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија беше посочено дека процесот на негово добивање трае шест месеци и оти неговата имплементација не е многу скапа со оглед на поволностите што ги носи.

– Ова е меѓународно признат стандард што се развива врз основа на глобалната побарувачка, третира сеопфатна безбедност на храната и погоден е за сите фирми во синџирот на исхраната, не само на оние кои учествуваат во производство на прехранбени производи, туку и на добавувачи на опрема и на даватели на логистички услуги, истакна Емилија Тодоровска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија.

Овој стандард го имаат применето само 15 до 20 компании кои произведуваат храна во земјава.

Стандардот ја има предноста во однос на многуте други стандарди бидејќи ја покрива целата организација и придонесува да се осигура безбедноста на храната низ целиот синџир на исхрана од фарма до маса.

– Напредниот ISO 22000 стандард лесно се интегрира со останатите меѓународни стандарди што даваат поголем акцент на организацијата и управувањето со ризици и можности. Во фабриката на „Витаминка“ за производството на сончогледово масло – Брилијант  веќе е имплементиран, а во текот на оваа година предвидена е целосна имплементација и сертификација на овој стандард по новата верзија 2018 на ниво на цела компанија, истакна Олга Ристеска, координатор за обезбедување квалитет во „Витаминка“. бт/бак/

Меѓународен стандард за безбедност на храна- Поголема доверба и конкурентност на компаниите

Posted by MИА.mk on Понеделник, 01 јули 2019

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЕУ постигна договор за руската нафта

Шпаркасе банка, најдобар избор на банка за твојата плата

Битиќи ги презентира инвестициските можности на земјата пред група бизнисмени од Турција