Утрински Весник
Македонија

Самка Ибраимовски повторно избран за претседател на ПЦЕР

Самка Ибраимовски повторно избран за претседател на ПЦЕР

Тетово, 15 јуни 2019 (/) – На денешниот осми конгрес на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) повторно за претседател е избран Самка Ибраимовски, кој претседателската функција во ПЦЕР ќе ја извршува уште четири години.

-Партијата ќе се залага за подобрување и унапредување на статусот на Ромите согласно неодамна изгласаната Резолуција во Собранието. Новото раководство ќе работи интензивно за зголемување на буџетот на министерот без ресор за имплементација на стратегијата за Ромите затоа што тоа е единствен извор на средства со кои можеме да направиме нешто подобро за Ромите. Лично очекувам со мојот тим на потпретседатели и генерален секретар дека ќе се движиме во нагорна линија за средување на состојбите. На првата средба со премиерот Заев ќе побараме повисок буџет за Ромите, изјави Ибраимовски по изборот.

На конгресот беа избрани и нови членови на партиските функции. За генерален секретар е избрана Мерсиха Хусеин, додека нови потпретседатели на партијата се Емин Симбат, Музафер Бајрам, Мухамет Алоски, Севџан Сулејмановски и Џулиета Мемедовска. Унијата на жени ќе ја предводи Зурија Саит, а младинската организација Ина Јусуф. Организациски секретар ќе биде Аздријан Мемедов.

-До изборот дојде откако сите општински организации пред конгресот дадоа свои предлози за избор на партиските функционери. За разлика од поранешните конгреси, горди сме што во оваа постава на раководството на партијата имаме голем број жени, како потпретседатели, генерален секретар и кај младите, рече Ибраимовски.

На осмиот партиски Конгрес што се одржа во Центарот за култура во Тетово учествуваа 250 делегати. ас/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар

(Видео) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието

Грковска – Ќехаја: Ефикасни антикорупциски политики, јакнење на интегритетот и транспарентноста се предизвици за сите земји од регионот