Утрински Весник
Спорт

САД последни полуфиналисти на Голд купот

САД последни полуфиналисти на Голд купот

Филаделфија, 1 јули 2019 (/) – Репрезентацијата на Соединетите Американски држави е последниот полуфиналист на фудбалскиот Голд куп на кој учествуваат држави од Северна и централна Америка.

САД ноќеска го победија националниот тим на Куракао со 1:0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот во Филаделфија беше Вистон Меккејн во средината на првото полувреме.

Противник на Американците во полуфиналето ќе биде репрезентацијата на Јамајка.

Во другото полуфинале ќе играат Хаити и Мексико. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања