Утрински Весник
Спорт

Рома постигна договор со Аталанта за Џанлука Манчини

Рома постигна договор со Аталанта за Џанлука Манчини

Рим, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – Рома постигна договор со Аталанта за трансфер на Џанлука Манчини.

Како што пренесува „Скај спорт Италиа“ трансферот е вреден 26 милиони евра, но Римјаните првин ќе и платат на Аталанта два милиона за едногодишна позајмица.

Останатиот дел од 24 милиони евра од договорот за младиот фудбалер „волчицата“ ќе треба да го плати на крајот на сезоната, од кои пет милиони ќе бидат бонуси.

Манчини во 2017 година стигна во Аталанта од Перуџа за 300 илјади евра, а минатата сезона постигна 6 голови на 35 натпревари. ем/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ливаковиќ одбрани три пенали – Хрватска преку Јапонија до четврт-финалето

Пеле: Ќе гледам Бразил-Јужна Кореја од болничката соба

Бразил го почнува походот кон трофејот, прва пречка е Јужна Кореја