Утрински Весник
Спорт

Розберг: Верстапен беше одличен, но заслужуваше казна во Австрија

Верстапен би возел заедно со својот татко на „24 часа Ле Ман“

Шпилберг, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – И покрај неверојатната трка во Австрија, победничкото надминување на Макс Верстапен над Шарл Леклер и понатаму предизвикува контроверзии.

Стјуардите го окарактеризираа инцидентот меѓу двајцата како „тркачки“ и ја потврдија победата на Холанѓанецот, а поранешниот светски шампион Мика Хакинен дури објави дека било срамно дури и што бил ставен под прашање неговиот успех.

Шампионот за 2016-та, Нико Розберг сепак, е на друго мислење и смета дека Верстапен требало да биде казнет, ​​бидејќи го истуркал надвор од патеката противнико.

– Мислам дека Макс заслужуваше да победи, бидејќи беше одличен. Во исто време, сепак, мислам дека тој мораше да добие казна затоа што ги прекрши правилата. Според мене, при победничкиот маневар тој намерно почна да врти подоцна, за да не остави место од надворешната страна, како што беше при првиот обид да го претекне Леклер кој контрираше успешно. Знаеше дека овој пат не треба да остави простор, па затоа тој сврте доцна, излегувајќи од својата вообичаена тркачка линија. Затоа мислам дека тој мораше да биде казнет, ​​што е, се разбира, непријатно, бидејќи тој имаше неверојатна трка и токму такви натпреварување сакаме да гледаме, рече Розберг.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Катерина Милевска под менторство на селекторот на САД, нашиот Влатко Андоновски, дел од врвна програма на ФИФА

Супер-компјутерот на СБК: Бразил ќе биде светски првак

Смит Роу опериран, се враќа во декември