Утрински Весник
Сцена

Роберт де Ниро: Трамп дојде на власт со помош на Русија (видео)

Роберт де Ниро: Трамп дојде на власт со помош на Русија (видео)

Лос Анџелес, 25 јуни 2019 (/) – Познати америкaнски ѕвезди, меѓу кои глумците Роберт де Ниро, Мартин Шин, Лоренс Фишбурн и Софија Буш, продуцентот Роб Рајнер и писателот Стивен Кинг, снимија видео во кое ги изложуваат своите аргументи дека претседателот Доналд Трамп на власт дошол со руска помош.

Тие тврдат дека во 2016 година „руската власт ја нападнала демократијата“ во САД со тоа што покренала „масовна тајна операција за да му помогне на Доналд Трамп да дојде на власт“.

– Доналд Трамп, ако слушаш, во име на целиот американски народ, ќе одговараш за тоа оти никој, па дури ни претседателот на САД, не е над законот, се вели во видеото.

Притоа, глумците се повикуваат на извештаите на Роберт Милер. Официјалниот став на Белата куќа е дека „тие документи се пропаганда и Милер нема посочено цврсти докази за неговите твдења“.

На крајот на снимката, јавните личности истакнуваат дека американскиот претседател треба да се уапси. си/



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка