Утрински Весник
Македонија

Ристовски: Очекуваме најдоцна во септември да го донесеме законот за СЈО

Ристовски: Очекуваме најдоцна во септември да го донесеме законот за СЈО

Скопје, 28 јуни 2019 (/) – Се надевам дека ќе се усогласиме со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и очекуваме најдоцна во септември да го донесеме законот за Специјалното јавно обвинителство, изјави заменик министерот за правда Оливер Ристовски одговарајќи на новинарско прашање за донесувањето на законот за Јавно обвинителство со кој треба да се реши судбината на Специјалното јавно обвинителство.

– Преговори за СЈО меѓу партиите нема. Работните групи од власта и од опозицијата подолг период немале средба, ниту има информации дека се работи на изнаоѓање решение за статусот на СЈО. Како што кажа и министерката во врска со конкретниот закон, значи во моментов немаме преговори овие денови, нема да мируваат летово. Јас разговарав и со премиерот на оваа тема. Очекуваме најдоцна во септември да го донесеме законот, рече Ристовски. фф/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8