Утрински Весник
Македонија

Рестрикција на вода во Дебар

Рестрикција на вода во Дебар

Дебар, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Дебарското Јавно комунално претпријатие „Стандард“ воведе тричасовна рестрикција на вода, која може да биде и повеќечасовна.

-Поради злоупотребата на водата за пиење, дебарското јавно комунално претпријатие „Стандард“ беше принудено да воведе тричасовна рестрикција, која може да биде и повеќечасовна доколку граѓаните не станат посовесни, изјави Мазлум Леши, директор на претпријатието.

Според него, во главниот градски резервоар доаѓа количина на вода која би ги задоволила потребите на град со неколкупати повеќе жители, што значи дека доколку таа рационално се користи во градот никогаш нема да се размислува за рестрикција.

-Во градскиот резервоар пристигнуваат по 120 литри вода во секунда, но поради злоупотребата бевме приморани да воведеме рестрикција. Дебар се снабдува со најквалитетна вода за пиење, која доаѓа од изворите во селото Росоки, но за жал, со неа се наводнуваат зелени површини, се мијат дворови па дури и тротоари, вели Леши.

Тој ги негира гласините дека рестрикцијата е воведена поради дефект или поради нередовното подмирување на сметките за потрошена вода и подигнат смет.

– Нема никакви дефекти на водоводната мрежа, а поаѓајќи од нашата човечност најмалку би сакале нашите граѓани да останат жедни во ове пеколни горештини. Но, и тие треба да бидат совесни за да не бидеме приморани да воведуваме повеќечасовна рестрикција, порачува Леши.

Токму поради масовната злоупотреба на водата за пиење во градот редовно секое лето се воведува рестркција која трае и до шест и повеќе часови дневно. вт/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот

Арсовска им порача на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека се лицемерни и да престанат да саботираат

Нуркачи и кучиња трагачи се вклучени во потрагата по момчето кое исчезна во Вардар