Утрински Весник
Македонија

Ременски и Иванова на форум во Москва за развој на парламентаризмот

Ременски и Иванова на форум во Москва за развој на парламентаризмот

Москва, 1 јули 2019 (/) – Изнаоѓање на ефикасни законодавни решенија и одговори на глобалните предизвици, е главната цел на Вториот меѓународен форум „Развој на парламетаризмот“, што ќе се одржи од 1 до 3 јули 2019 година во Москва, во организација на Државната дума на Федералното собрание на Руската Федерација.

На форумот ќе учествуваат потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Фросина Ташевска Ременски и генералната секретарка Цветанка Иванова.

Во рамките на Форумот ќе бидат разгледани актуелни прашања за меѓународната безбедност и стабилност, законодавната поддршка за развој на дигиталната економија, борбата против лажните вести, политиката за заштита на животната средина, улогата на младите во развојот на парламентаризмот, перспективите на меѓупарламентарните инситуции, улогата на пратениците во меѓународното хуманитарно право и хуманитарната соработка, можностите за споделување на најдобрите практики од националните законодавства и други приоритетни области од меѓупарламентарната соработка. бк/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

50 санкции за недавање првенство на минување

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

108 санкционирани возачи во Скопје