Утрински Весник
Сцена

Рекорд кај викенд-премиерите на Нетфликс (видео)

Рекорд кај викенд-премиерите на Нетфликс (видео)

Лос Анџелес, 19 јуни 2019 (/) – Новиот филм со Џенифер Анистон и Адам Сендлер, „Мистериозно убиство“, постави рекорд кај викенд-премиерите на Нетфликс, со 31 милион гледања во првите три дена.

Само во САД и Канада на филмот се претплатиле 13,38 милиони корисници, а го гледале уште најмалку 17,5 милиони луѓе во цел свет.

Со ова филмот го истисна Нетфликс-хитот од минатиот декември – „Кутија за птици“, на второто место. си/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка