Кочани, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Во текот на изминатата недела во општина Зрновци се реализираше првата фаза од реконструкцијата на регионалниот патен правец кон соседната општина Чешиново-Облешево, а за што се обезбедија средства од државниот буџет.
Механизација и работници на ЈП „Макеоднија пат“ беа ангажирани на преасфалтирање и проширување на коловозот меѓу селата Видовиште и Мородвис во должина од околу два километри и широчина од околу четири и пол метри.
– Со поддршка од Јавното претпријатие за државни патишта ја завршивме реконструкцијата на близу половина од сообраќајницата, а се надевам дека ќе влеземе во нивната програма за наредната година за да ја комплетираме и втората фаза, на делницата од Зрновци до Мородвис. Овде коловозот ќе биде широк пет метри затоа што има поголема фреквенција на возила, со оглед што во близина се наоѓаат неколку производствени и други капацитети, истакна градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков.
Локалната самоуправа на Зрновци презема обврска со свои средства да ги уреди банкините и да обезбеди паркинг простор во населбите, како и да реализира дополнително хортикултурно уредување.
Регионалниот патен правец од Зрновци до Видовиште е со вкупна должина од 4,5 километри, изграден е пред околу четири децении и досега немало никакви интервенции.та/скс/