Утрински Весник
Македонија

Реконструирана улицата во Голема Речица што беше уништена во поплавите во 2015 година

Реконструирана улицата во Голема Речица што беше уништена во поплавите во 2015 година

Тетово, 13 јуни 2019 (/) – По четири години од оштетувањето од поплавата во 2015 година се завршува реконструкција на патот во тетовска Голема Речица во правец од гробиштата кон шумскиот предел во селото.  Општинските служби соопштија дека покрај поставување асфалт се работело на целосно уредување на улицата.

-По завршувањето на работите за изградба на водоводниот канал, инсталацијата на подземно осветлување и поставување бехатон плочки на тротоарите, денеска целосно ја асфалтиравме оваа улица во Голема Речица што е со вкупна должина од 250 метри. Овој пат, кој беше оштетен во поплавите од 2015 година, сега има модерен изглед и ќе овозможи ефикасен проток на возила и пешаци, информираа од канцеларијата за односи со јавноста.

Оваа улица настрада поради излевање на реката и беше целосно уништена и не можеше да се употребува од 2015 година. На 3 август тетовскиот регион го зафати невреме во кое најпогодени села беа Шипковица и Голема и Мала Речица, при што загинаа шест лица, а стотици куќи и објекти беа уништени.

Со помош на странски експерти, беше изработен акциски план за заштита од поплави вреден 25 милиони евра, но неговата реализацијата на терен се уште не е започната.ас/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра

Ученици со атипичен развој од Битола го посетија претседателот Пендаровски

(Видео) Стојаноски: Комисијата за финансирање и буџет го изгласа амандманот со кој се бара зголемување на платите на вработените во администрацијата за 15%