Утрински Весник
Македонија

Реконструирана обиколницата ,,Северен булевар” во Кавадарци

Реконструирана обиколницата ,,Северен булевар” во Кавадарци

Кавадарци, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Реконструирана е обиколницата „Западен булевар” во Кавадарци, која во минатото претставуваше проблем за безбедноста. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека е ова многу значајна сообраќајница, клучна артерија во градот. Се работи за комплетно нова траса која сега е подигната и со ново атмосферско решение и асфалтирање. Инвестицијата е околу 32 милиони денари.

-Ова беше голгота за кавадарчани повеќе од десет години, најуништена сообраќајница а и најексплоатирана од тешките товарни возила, рече градоначалникот, информирајќи дека за година ипол, се решени и Западен и Северен булевар, две артерии од витално значење.

Тој соопшти дека до крајот на годината ќе се интервенира уште на неколку улици во градот и Кавадарци ќе го добие тоа што долги години го немаше, европски безбедни улици. Додаде дека останува само да се почитуваат сообраќајните знаци. свд/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер