Утрински Весник
Македонија

Регионална конференција „Партнерство за забрзана децентрализација, инклузивен и одржлив развој”

Регионална конференција „Партнерство за забрзана децентрализација, инклузивен и одржлив развој”

Скопје, 13 јуни 2019 (/) – Во организација на Министерството за локална самоуправа денеска во Скопје ќе се одржи последната од трите регионални конференции на тема „Партнерство за забрзана децентрализација, инклузивен и одржлив развој”.

Конференцијата ќе ја отвори министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, а ќе говорат и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан, претставници од Министерството за финансии, од делегацијата на Европската Унија, како и градоначалници на општините од Скопскиот и од Североисточниот плански регион.

Конференцијата се одржува во рамките на проектот „Подобрување на општинското управување”, финансиран од Европската Унија, а го имплементира УНДП. дма/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“