Утрински Весник
Македонија

Регионална конференција за ретки болести во Струга

Регионална конференција за ретки болести во Струга

Скопје, 8 јуни 2019 (/) – Здружението на пациенти за ретки болести „Живот со предизвици“ по повод десетгодишнината од постоењето, од денеска до девети јуни организира три конференции во Струга.

Конференциите ќе се одржат во соработка со Одделот за генетско инженерство при МАНУ и здруженијата на пациенти од регионот.

– Учесници на овие конференции се пациенти, лекари, истражувачи, застапници на пациенти од Албанија, Србија, Хрватска, Северна Македонија, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Чешка, Германија, Велика Британија, Словенија Црна Гора.., информираат организаторите.

Планирано е одржување и симпозиум за физиотерапевти, како паралелен настан, со гостинот предавач проф. д-р Марион Мејн од Германија, експерт за физиотерапија кај пациенти со мускулна дистрофија и спинална мускулна атрофија. фф/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ,,Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни

Петровска во Грац – форматот: градењето отпорност е најдобрата одбрана против растечките безбедносни предизвици

18-годишник ја нападнал мајка му пред трговски центар во Аеродром