Утрински Весник
Спорт

Реал го нуди Асенсио во замена за Мане

Реал го нуди Асенсио во замена за Мане

Мадрид, 1 јули 2019 (/) – Реал Мадрид е подготвен да му го отстапи Марко Асенсио на Ливерпул во замена за Садио Мане, објавија британските медиуми.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е заинтересиран за ваков трансфер и многу веројатно ќе го прифати предлогот на „кралскиот клуб“.

Минатата сезона, Асенсио настапи на 43 натпревари за Реал Мадрид, постигна шест гола и забележа четири асистенции.

Од друга страна, Мане одигра 50 натпревари за Ливерпул постигна 26 гола и направи две асистенции.

На фудбалскиот пазар цената на 27-годишниот Сенегалец изнесува 120 милиони евра, додека Асенсио е проценет на 60 милиони.

И двајцата имаат важечки договори со своите клубови до јуни 2023 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Флик останува германски селектор, мисијата ЕУРО 2024 на домашен терен

Во ПСЖ „нема место“ за Кристијано, но би го сакале Белингем

ФИФА ги казни Хрватите за навредите кон Борјан и Србите за косовското знаме во соблекувалната